From today, Rusino produces electricity from a solar panel
На регионалната депонија Русино кај Гостивар денес е монтиран соларен панел за производство на електрична енергија. За најавата на овој зафат Gostivarpress.mk информираше пред извесно време, а попладнево од Јавното претпријатите „Русино-Полог“ кое менаџира со депонијата, информираа дека е реализиран. „Уште една успешна инвестиција благодарение на швајцарската помош! Депонија Русино од денес има сопствен сончев систем за производство на електрична енергија за сопствените потреби!“, соопштија од ЈП.