Preloader Close
  • Awesome Image

Меѓуопштинско Јавно Претпријатие Депонија Русино

ЗЈП „Русино“ претставува меѓуопштинско јавно претпријатие формирано од страна на сите девет општини во Полошкиот регион со цел управување со депонијата „Русино“ како и за спроведување на сите неопходни мерки за обезбедување на економичност во работењето во согласност со начелата и законските норми за заштита на животната средина при управување со комуналниот неопасен отпад.

Депонијата Русино е лоцирана јужно од градот Гостивар, на оддалеченост од околу 8 km или на околу 10 km од центарот на градот, на падините на планината Буковиќ, на надморска височина од околу 800 m.

Со депонијата Русино управува Заедничкото јавно претпријатие РУСИНО/ПОЛОГ кое е формирано на 03.01.2022 година, од страна на Општина Брвеница, Општина Боговиње, Општина Врапчиште, Општина Гостивар, Општина Желино, Општина Јегуновце, Општина Маврово и Ростуше, Општина Теарце и Општина Тетово кои во соодветна законска процедура усвоија Акт за основање на заедничко јавно претпријатие за управување со отпад во Полошкиот регион.

Постапката за определување на Русино како локација за депонирање на неопасен комунален отпад започнала во 1998 година со Одлука на тогашното Министерство за урбанистичко планирање и заштита на животната средина, за доделување привремено користење на оваа локација во тогашната Општина Долна Бањица (која веќе не постои), како градежно земјиште за привремена депонија за комунален отпад од цврст отпад.

Две години подоцна, во 2000 година Министерството за животна средина и просторно планирање издало одлука, со која се одредува површината на површинскиот коп за експлоатација на глина Русино како локација за привремена депонија за отстранување комунален цврст отпад за општина Долна Бањица, на која и се дава надлежност и одговорност да управува со депонијата.

Во 2003 година, Советот на општината Долна Бањица донел Решение со кое се одобрува употреба на површинскиот коп на глина Русино како општинска депонија за комунален неопасен отпад. Оваа Одлука била официјализирана од тогашниот градоначалник на општина Долна Бањица.

Во февруари 2005 година, општина Гостивар, по укинувањето на Општина Горна Бањица  ги презема надлежностите од истата. Заради економски поефикасно работење, Општина Гостивар склучува договор со Општина Тетово за формирање на меѓу општинска депонија Русино. Со овој договор се дефинирани должностите и одговорностите на обете општини.

Договорот бил потпишан од градоначалниците на двете општини и формализиран со одлука на Советот на Општина Гостивар во март 2005 година со заклучок за прифаќање на договорот од горенаведените градоначалници. Како резултат на овој договор, Русино станала меѓу општинска (регионална) депонија за Полошкиот регион, што треба да прифаќа комунален отпад од најголемите општини Тетово и Гостивар, и да биде финансирана и управувана од овие општини.

Развој на локацијата на депонијата Русино

Основачи на ЗЈП РУСИНО/ПОЛОГ 

Управување со депонијата

Со депонијата Русино управува Заедничкото јавно претпријатие РУСИНО/ПОЛОГ с. Сушица Гостивар е формирано на 03.01.2022 година, од страна на Општина Брвеница, Општина Боговиње, Општина Врапчиште, Општина Гостивар, Општина Желино, Општина Јегуновце, Општина Маврово и Ростуше, Општина Теарце и Општина Тетово кои во соодветна законска процедура усвоија Акт за основање на заедничко јавно претпријатие за управување со отпад во Полошкиот регион.

Свој значаен придонес за формирањето на ова претпријатие од страна на деветте општини во Полошкиот регион претставувани од Центарот за развој на Полошкиот плански регион даде Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи (SECO) кој ја финансираше првата фаза од Проектот за управување со цврст отпад во Полошкиот регион, во рамките на кој, беше подготвена неопходната документација и поставени основните претпоставки за формирање на ЗЈП Русино/Полог.

Претпријатието е формирано врз основ на член 18, став 3 од Законот за меѓу општинска соработка (Службен весник на Република Македонија бр. 79/09), член 36, став 1, алинеа 15 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр. 05/02), член 9 и член 10 од Законот за јавните претпријатија (Службен весник на Република Македонија бр. 38/96 . . . 35/2019), член 11 од Законот за комунални дејности (Службен весник на Република Македонија бр. 95/2012; 163/2013; 42/2014; 44/2015; 147/2015 и 31/2016), член 46, став 3 од Законот за управување со отпад (Службен весник на Република Македонија бр. 68/2004, 71/2004, 107/2007, 102/2008, 143/2008, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15; 39/2016 и 63/2016).

Седиштето на претпријатието е депонијата Русино, с. Сушица, Општина Гостивар, Република Северна

Надлежноста на ова претпријатие опфаќа:

  1. Управување со отпадот на депонијата Русино,
  2. Понатамошен развој на депонијата Русино во депонија за безопасен комунален отпад,
  3. Организирање и управување со новите капацитети за ослободување од отпад откако капацитетот на депонијата Русино ќе се исцрпи,
  4. Управување со други установи за отпад кои ќе имаат корист од управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион,
  5. и други општи активности за управување со отпад.

Активностите на претпријатието може да вклучуваат склучување на договори со други компании, на кои можат да им бидат делегирани дел од активностите.

ЗЈП Русино/Полог е организирано на начин кој овозможува:

  1. Техничко-технолошка и економска усогласеност на системот;
  2. Ефикасност во работата;
  3. Раст и хармонизација на развојот на Претпријатието во рамките на општиот економски развој;
  4. Заштита и промоција на добрата од јавен интерес;
  5. Трајно, редовно и квалитетно задоволување на потребите на корисниците на добра и услуги; и
  6. Независност во рамките на системот на функционалните врски со други системи во земјата и во странство

ЗЈП Русино/Полог е управувано од следните органи:

  • Управен одбор – се состои од 9 членови со мандат од 4 години, со право за повторен избор. Во Управниот одбор, секој основач/општина назначува по еден член, стручно лице кое е афиримирано во областа на управувањето со отпадот.
  • Одбор за контрола на финансиското и материјалното работење – се состои од 3 членови со мандат од 2 години, со право на повторен избор.
  • Директор – лице назначено по одобрување на сите основачи/општини.